Полска во саботата го забрани увозот на пченица и други прехранбени производи од Украина за да ги заштити локалните земјоделци, изјави лидерот на владејачката партија Право и правда, Јарослав Качински.
Извозот на украинската пченица помина низ Европската унија, за потоа да оди до крајната дестинација, бидејќи поморските патишта на Украина се блокирани, поради војната што Русија ја започна во февруари минатата година.
Сепак, поради логистички проблеми, пченицата во ЕУ е складирана, а цените на пченицата паднаа, што предизвика протести на земјоделците и оставка на полскиот министер за земјоделство.
„Денес Владата одлучи да го запре влезот и увозот на пченица во Полска, како и забраната на некои други прехранбени производи“, рече Качински во северното село Лисе.
Во спротивно, „оваа ситуација би ја зголемила кризата за земјоделскиот сектор во Полска... Мора да го заштитиме полското земјоделство“, додаде тој.
Говорејќи на конвенцијата на неговата екстремно десничарска партија Право и правда, Качински истакна дека Полска останува силен поддржувач на соседна Украина.
„Ние ќе продолжиме да бидеме, без најмала промена, пријатели и сојузници на Украина“, рече тој.
исто така
Зеленски ги повика полските лидери на граница за да го решат проблемот со пченицата
Украинските власти во саботата соопштија дека жалат за одлуката донесена од нивните полски колеги.
„Полските земјоделци се соочуваат со тешка ситуација, но украинските земјоделци се соочуваат со најтешката ситуација“, велат тие.
Минатиот месец Полска и уште четири централноевропски држави побараа помош од Европската унија за да се бори против влијанието на украинската пченица на територијата на европскиот блок./REL