Министрите за финансии на Европската унија денеска постигнаа договор за реформа на еврозоната, објави портпаролот на Еврогрупата Луис Рего на својот профил на „Твитер“.
„Средбата заврши по 18 часа (преговори). Имаме договор за реформа на еврозоната“, пишува тој.
„Имаме добар резултат. Реформата на еврозоната напредува со решителни чекори. Благодарност до сите што ни помогнаа“, изјави германскиот министер за финансии.
Постигнатиот договор меѓу 27-те министри за финансии на ЕУ мора да биде одобрен од шефовите на држави и влади за време на самитот што ќе се одржи во четврток и петок во Брисел.
Слични статии
-
Германија и Франција го подготвија планот за реформа на еврозоната
-
Франција и Германија предлагаат буџет за еврозоната
-
Велика Британија го прифаќа договорот за Брегзит со ЕУ
-
Европските министри се согласуваат дека Грција треба да ја прекине спасувачката програма
-
Германскиот министер го брани договорот Меркел-Макрон