Touareg на Volkswagen со V8 дизел мотор е третиран од познатата компанија за модификација на автомобили, ABT Sportsline, а како и обично, работата на оваа компанија е да ја зголеми моќноста, нови тркала, нови амортизери итн.
ABT го засили моторот на овој Touareg, 4.0-литарски V8, на 493 коњски сили, но не ги откри деталите за забрзувањето и максималната брзина, пренесува Koha.net.
{галерија}
Исто така, овој Touareg сега има тркала од 22 инчи во црна или сива боја, модифицирани амортизери, модифициран издувен систем, LED осветлување на логото на компанијата кога се отвораат предните врати, како и некои нови внатрешни детали.
ABT Sportsline нуди и пакет за засилување за 3.0-литарскиот V6 дизел мотор (до 326 коњски сили).