Клиничката и универзитетска болничка служба на Косово (ШСКУК) соопшти дека е зголемен бројот на лица кои побарале лекарска помош поради каснување од кучиња скитници.
Од јануари до сега се регистрирани 112 случаи, вклучително и сериозни повреди опасни по живот, а ШСКУК соопшти дека продолжува да апелира до општина Приштина да најде брзо решение.
„Врз основа на статистиката на Итната клиника, зголемен е бројот на случаи за кои е потребна лекарска помош како последица на телесни повреди предизвикани од каснување од кучиња скитници. Од 1 јануари до сега се регистрирани 112 случаи кои се здобиле со различни телесни повреди, меѓу кои и случаи со посериозни повреди опасни по живот и кои се хоспитализирани на понатамошно лекување на Инфективната клиника. Минатата година на Ургентната клиника биле регистрирани 84 случаи кои барале лекарска помош од каснување од куче, додека годинава има зголемување на ваквите случаи“, се наведува во соопштението.
Оваа институција соопшти дека продолжува да нуди здравствени услуги „за да не се претвори во установа во која се загрозени животите на пациентите, членовите на семејството и другите граѓани“.
-
Опасност од кучиња скитници – над 15 напади месечно само во Приштина
-
130 каснувања од кучиња скитници за 10 месеци, решението не изгледа блиску
-
Пациентите се чувствуваат загрозени од присуството на кучиња во дворот на ККУК
-
Од општина Приштина се бара да се справи со кучињата скитници во дворот на ККУК
-
„Моќта“ на кучињата во Приштина