Шест граѓани погодени од Ковид-19 починаа во последните 24 часа во Албанија.
Според соопштението на Министерството за здравство на Албанија, во последните 24 часа се направени 3.042 тестови, од кои 501 граѓанин се позитивни на коронавирусот.
„Во моментов има 6.872 активни случаи на Ковид-19 низ целата земја. На лекување се 160 пациенти, од кои 16 се во потешка состојба“, се наведува во соопштението.
МЗ на Албанија соопштува дека во последните 24 часа оздравеле 575 пациенти.