KOHA.net

Поддржете го TIME. Зачувајте ја вистината.
Арбери

Алсат: Мали се шансите Томор Морина денеска да излезе од притвор

Мали се шансите Томор Морина денеска да излезе од притвор и покрај оптимизмот кој пред денови го искажа адвокатот Насер Рауфи.

Од надлежниот суд не даваат информации кога ќе донесат одлука за барањето на адвокатот Морина да биде заштитен на слобода, до разгледување на барањето на Србија за негова екстрадиција. Министерката за правда Рената Дескоска вели дека судовите се тие кои треба да одлучуваат и дека барањето од српската држава за екстрадиција на Морина се уште не е пристигнато, пренесува Алсат.

Досега ние како министер имаме единствена надлежност преку МНР да ги известиме амбасадите чии државјанин е предметното лице, кое има државјанство на Британија и Косово, а ние во согласност со тие одвоени процедури, ги известивме амбасадите. До синоќа, па и денеска не го добивме барањето за екстрадиција. Веднаш штом ќе го добиеме, ќе го испратиме до судовите кои ќе треба да одлучат по тоа барање - изјави Рената Дескоска, министерка за правда.

Министерот за правда на Косово Абелард Тахири преку изјава за медиумите апсењето на Морина по барање на Србија го нарече флагрантно кршење на човековите права и непочитување на меѓународните конвенции.

„Не помина ниту цела недела од обидот самоволно да се земе нашиот граѓанин Томор Морина, преку ирационални меѓународни потерници кои потекнуваат од угнетувачкиот режим на Милошевиќ, Србија продолжува да импресионира со флагрантно кршење на човековите права, издавајќи пресуди за нашите граѓани, непочитувајќи ги сите норма или принцип од меѓународните конвенции, чиј дел е“, изјави Абелар Тахири, министер за правда на Република Косово.

Морина е во притвор повеќе од една недела, додека минатата среда беше уапсен од македонската полиција, врз основа на потерница издадена од ИНТЕРПОЛ, по барање на Србија. Морина има двојно државјанство, тоа на Велика Британија и државјанството на Косово. Тој досега без проблем се движеше во сите европски земји.