KOHA.net

Љубопитност

Емиратите им прават „халал“ долг од 87 милиони евра на своите граѓани

Фондот за израмнување на долгови во Обединетите Арапски Емирати го објави планот за бришење на кредитните долгови на граѓаните во износ од 361 милион дирхами (околу 87 милиони евра), јавуваат медиумите, пренесува Коха.нет.

Како што беше наведено, „оваа мерка има за цел да обезбеди пристоен животен стандард за сите граѓани на Емиратите“.

Според Ал Сувајдиџу, правењето на овие долгови „халал“ ќе го намали финансискиот товар на граѓаните на оваа земја.