Привршува процесот на пребројување на гласовите на предвремените парламентарни избори на 6 октомври. Во Центарот за броење и резултати од 1407 избирачки места преброени се околу 78 отсто од гласовите.
Претседателката на Централната изборна комисија, Валдете Дака за Радио Слободна Европа изјави дека по пребројувањето на гласовите, ЦИК е подготвена да ги потврди резултатите од изборите.
„По завршувањето на пребројувањето, според одлуката на избирачкиот одбор за приговори и поднесоци, веќе нема рок за приговори. Значи, рокот е на последниот ден од пребројувањето, а потоа, доколку немаме други поплаки, подготвени сме да ги завериме резултатите“, рече Дака.
Претседателката на ЦИК не сакаше да даде точен датум кога ќе бидат заверени изборните резултати, но според неа тоа може да се случи следната недела.
„Не сакав да дадам ден или датум на потврдата бидејќи треба да чекаме да завршат со пребројувањето и потоа да зборуваме за евентуални датуми“, рече Дака.
исто така
ЦИК чека завршување на разгледувањето на приговорите пред да ги објави конечните резултати.
Предвремените парламентарни избори во Косово се одржаа на 6 октомври. Движењето Ветевендосје освои најмногу гласови, а зад него е Демократската лига на Косово.
Овие партии одржуваат состаноци за формирање на новата влада, по заверувањето на изборните резултати од Централната изборна комисија.