KOHA.net

izbori 2019

Весели: Ќе ја забрзам легализацијата на зградите без дозвола, но не и за имотите на моќниците

Кандидатот за премиер од редовите на ПДК, Кадри Весели преку објава на Фејсбук порача дека ќе ја забрза легализацијата на објектите без дозвола, но тоа не важи за имотите на моќниците.

„Ги посетив жителите од маалата Мати и Кодра е Тримаве кои се уште немаат законски имотни листови за нивниот имот. Како тоа на Косово има 350 кои немаат тапии, со што речиси 000 милијарди евра блокиран капитал се држат надвор од оптек во економијата. На оваа состојба мора да дојде крајот и овие граѓани да уживаат во својот имот за кој се полија многу пот“, рече Весели, пренесува Коха.нет.

Тој додава дека илјадници граѓани биле принудени да ги градат своите куќи без да добијат дозвола бидејќи надлежните институции не биле во можност да вршат урбанистичко планирање и да даваат услуги во согласност со зголемената побарувачка за станови.

Илјадници други купија станови во легални висококатници, плаќаат данок на имот и сè уште со години не им даваат имотен лист од неодговорни бирократи“, изјави Весели.

Тој вели дека овој процес ќе заврши во рок од две години.

„Затоа, во рок од две години, преку забрзана легализација, сите овие граѓани ќе имаат законска сопственост на нивниот имот доколку со тоа не се повредува јавен интерес или имот. Милијарди евра ќе се отклучат легално и ќе можат да станат дел од нашата економија, отворајќи десетици илјади работни места и градејќи подобра економска иднина за Косово.

Споделете го ова видео доколку и вие се согласувате дека легализацијата треба да се случи што поскоро“, рече Весели.