Организаторите на Олимпијадата во Токио ги предупредуваат спортистите и волонтерите да се подготват за летните горештини и да останат хидрирани.
Нивниот повик доаѓа кога температурите се зголемуваат низ Јапонија пред отворањето на Олимпијадата.
Според протоколите во борбата против коронавирусот, спортистите и делегациите се обврзани да носат маски во секое време, освен кога се натпреваруваат, тренираат, јадат, пијат или спијат.
Сепак, маските имаат тенденција да предизвикуваат поголема топлина и да додадат поголема жед. Организаторите ги повикуваат спортистите и персоналот да носат вода или да бидат сигурни дека ќе останат хидрирани во секое време.
„Веруваме дека е многу важно да се балансираат мерките за топлина со мерките за коронавирус“, рече шефот на Организацискиот комитет „Токио 2020“, Хиде Накамура.
За ублажување на ефектот од горештините организаторите презедоа мерки за повеќе спортови меѓу кои и маратонот.
-
Од високите температури во Токио ќе настрадаат и спортистите
-
Париз го пофали Токио за одржувањето на Олимпијадата во услови на пандемија
-
„Поинакви“ игри, но параолимпијците се надеваат дека ќе блеснат во Токио
-
Токио во состојба на готовност по над 5 нови дневни случаи среде Олимпијадата
-
Јапонија предупредува на невидено ширење на СОВИД-19