Бразилската пливачка Ана Марсела Куња го освои златниот медал во 10 километри пливање на отворени води на Олимписките игри „Токио 2020“.
Куња ја заврши трката со време од 1:59:30.8 часа.
Сребрениот медал и припадна на Холанѓанката Шерон ван Рувендал која заостана речиси 1 секунда, бронзата и припадна на Австралијката Карина Ли. Ли заостана 1.7 секунди зад победникот.