Популарниот профил на Твитер, @rquandt, преку објава откри дека цената за Европа на Galaxy S8 и S8+.
Samsung Galaxy S8 и S8+ ќе бидат претставени во црна, сребрена и виолетова (!) бои, покажуваат огласите за малопродажба. S8 по цена од 799, S8+ 899 евра.
- Роланд Квант (@rquandt) Март 7, 2017
Се очекува Galaxy S8 да стартува по цена од 800 евра, додека Galaxy S8+ од 899 евра, пренесува Koha.net. Ова значи дека парот ќе биде поскап од Galaxy S7 и S7 edge, пренесува GSM Arena.
@rquandt Овие информации се од продавач на мало во ЕУ, достапноста и цените се разликуваат во зависност од земја, така што другите региони/земји може да добијат различни варијанти.
- Роланд Квант (@rquandt) Март 7, 2017
Исто така, @rquandt пишува дека овие нови телефони на Samsung ќе бидат достапни во црна, сребрена и нова виолетова боја.