Минатата недела, во извештајот на страницата XDA беа споменати три нови уреди на Xiaomi, со кодно име pyxis, bamboo_sprout и cosmos_sprout. Сите три модели имаат сензор за отпечаток на прст на екранот, додека „никнуваните“ верзии се дел од линијата Android One. Ова сугерира дека тие би можеле да бидат претставени како Xiaomi Mi A3 и Mi A3 lite. Ова ни остава „pyxis“, кој треба да биде следниот телефон Xiaomi X, додека сега се појавија спецификациите за моделот Mi 9X, пренесува GSMArena.
Според протечените информации, Xiaomi Mi 9X ќе има 6.4-инчен FHD AMOLED дисплеј, селфи камера од 32 MP и сензор за отпечатоци на екранот. Ќе работи благодарение на чипсетот Snapdragon 675, поврзан со 6GB RAM и 64GB простор за складирање.
Телефонот ќе има систем со тројна камера на задната страна (главен сензор 48MP, широк агол од 13MP и телефото од 9MP). Кога станува збор за софтверот, тој ќе користи интерфејс Miui 10, кој доаѓа преку платформата Android 9 Pie. Батеријата е со капацитет од 3300mAh и поддржува брзо полнење од 18W, пишува KOHA Ditore.
Се очекува Mi A3 да има слични спецификации како Mi 9X, при што Mi A3 најверојатно ќе има помала резолуција на екранот и послаб чипсет. Очекуваната почетна цена на телефонот 9X е околу 220 евра, додека би требало да биде претставен во април.