Брендот Black Shark на Xiaomi, кој се фокусира на игри, ќе го лансира ажурираниот модел во рамките на втората генерација на телефонот. Xiaomi веќе го најави уредот кој ќе биде претставен на 30 јули, додека телефонот го носи името Black Shark 2 Pro, пренесува GSMArena.
Најновиот тизер, објавен на профилот на компанијата Weibo, ни го покажува задниот дел од телефонот. Иако надворешниот дизајн е малку сличен на моделот Black Shark 2, разликата е во две вертикални линии. Не се знае за што служат, додека гласините укажуваат дека се работи за нови адаптивни LED диоди, поместени од работ на оригиналниот Black Shark 2 модел.
Новиот телефон ќе користи чипсет Snapdragon 855 Plus и ќе има до 12 GB RAM, пишува KOHA Ditore. Подобрениот процесор на Qualcomm ветува 4.2% подобрување во перформансите на процесорот и околу 15% подобрување на перформансите на графичкиот процесор.
Останува да го почекаме официјалното претставување на Black Shark 2 Pro моделот за да ги научиме останатите спецификации и да видиме кои други физички промени ќе ги спроведе телефонот.