По долгогодишни шпекулации и возбуда, Sony потврди дека лансира помоќна - и значително поскапа верзија на својата многу позната конзола PlayStation 5, пренесува „BBC“.
PS5Pro ќе може да прикажува понапредна графика, а исто така ќе биде и побрз.
Но, оваа дополнителна моќ има своја цена. PS5 Pro ќе биде најскапата конзола на Sony досега.
Ќе чини околу 830 евра, неколку стотици евра поскапи од PS5. Официјалното претставување ќе се одржи на 7 ноември оваа година.
„Тоа ќе биде најмоќната конзола што некогаш сме ја создале“, рече Марк Серни, еден од главните архитекти на PS5.
Тој рече дека конзолата PS5 Pro ќе ги реши проблемите кои гејмерите ги имаат со години.
Слични статии