Социјалната мрежа Фејсбук веќе некое време стана секојдневие од животот на многу луѓе, а најверојатно повеќето од нив досега направија „тони“ објави. За оние кои сметаат дека старите објави не се соодветни сега, можат да ги бришат еден по еден и овој процес може да биде многу долг и досаден.
Се чини дека Facebook сфатил дека повеќето луѓе сакаат да ги избришат старите објави одеднаш, а неодамна лансираше нова функција која им овозможува на корисниците да бришат повеќе објави одеднаш.
Подолу ви пренесуваме како преку многу едноставен процес да избришете дел од историјата на Facebook.
- Пријавете се во апликацијата Facebook на вашиот телефон;
- Одете до профилот и кликнете на трите точки за да влезете во менито;
- Кликнете на Дневник на активности > Управувај со активност > Изберете „Ваши објави“;
- Кликнете на малиот квадрат за архивирање или бришење на објави;
- Кликнете на копчето „Ѓубре“ за да ги избришете објавите.
Исто така, Facebook ги чува избришаните објави во ѓубре 30 дена пред да бидат трајно избришани во случај некоја објава да биде избришана по грешка.