Qualcomm во април ги лансираше чиповите Snapdragon 730 и 730G, кои претставуваат платформи за телефони од средниот сегмент, базирани на 8nm LPP процес.
Сега се појавија деталите за наследникот на овие чипови, моделот наречен Snapdragon 735, кој ќе има целосно нова архитектура и ќе се создава во 7nm процес, пренесува GSMArena.
Извештајот сугерира дека чипсетот го носи кодното име SM7250, а ќе го користи големото Cortex-A76 Kryo јадро @ 2.36 GHz, како и едно јадро @ 2.32 GHz, пишува KOHA Ditore. Остатокот од процесорот е составен од шест Cortex-A55 јадра @ 1.73 GHz. Графичкиот процесор ќе биде Adreno 620.
Веќе имавме навестувања за постоењето на чипсетот Snapdragon 735 во првата половина од оваа година, но се чини дека процесорот претрпе некои промени во меѓувреме.
Чипсетот Snapdragon 735 се очекува да биде претставен во текот на декември, кога Qualcomm вообичаено го одржува настанот за лансирање на Хаваи.
-
Документацијата ги открива деталите за чипот Snapdragon 735
-
Пристигнуваат детали за чипсетот Qualcomm Snapdragon 865
-
Qualcomm воведува три нови Snapdragon чипови од средна класа
-
Потврден е најмоќниот процесор на Qualcomm, Snapdragon 8150
-
Се очекува Samsung Galaxy A71 5G да доаѓа со 8GB RAM и Exynos процесор