KOHA.net

Поддржете го TIME. Зачувајте ја вистината.
TECH

OnePlus ќе лансира и 5G паметен телефон

Неодамна се појавија информации дека OnePlus подготвува нов смартфон наречен 7T Pro, кој ќе излезе за неколку месеци.

Пит Лау, шефот на OnePlus, изјави за магазинот „Фајненшл тајмс“ дека неговата компанија исто така ќе лансира нов 5G паметен телефон во текот на четвртиот квартал од оваа година. За разлика од моделот OnePlus 7 Pro 5G, кој е достапен само од неколку светски провајдери, новиот паметен телефон ќе биде достапен на глобално ниво.

„Ако сакате да имате премиум телефон во 2020 година, треба да се опремите со 5G технологија. Веруваме дека со развојот на 5G технологијата следната година можеме да постигнеме уште подобри перформанси. Како што се приближува новата ера на 5G, ќе инвестираме повеќе во оваа технологија и нашата опрема“, рече Лау.

Исто така, OnePlus планира дополнително да се прошири и да добие дополнителни корисници во САД од Huawei, Apple и Samsung. OnePlus ги зголеми приходите оваа година и го зголеми бројот на вработени на над 1700 работници./ksp