На почетокот на минатиот месец се шпекулираше за претстојниот уред од компанијата HMD Global со кодно име „Daredevil“. Подоцна беше објавено дека овој телефон ќе се вика Nokia 7.2, додека сега познатиот веб-сајт Geekbench ги откри неговите клучни спецификации, пишува гсмарена.
Нокиа 7.2 се очекува да доаѓа со осмојадрен Qualcomm процесор, кој се очекува да биде Snapdragon 710, со брзина од 1.84 GHz, кој е комбиниран со 6 GB RAM меморија и ќе работи со оперативниот систем Android 9 Pie , пренесува Коха..нет.

Исто така, претходно се шпекулираше дека новиот смартфон Нокиа ќе има три камери на задната страна, а главната ќе биде од 48 мегапиксели.
Неговиот преден дел ќе има и 6.2-инчен FHD+ екран со засек, додека задниот ќе има сензор за отпечатоци, а се очекува да има и батерија од 3.500 mAh.
Што се однесува до претставувањето, Nokia 7.2 може да дебитира на IFA на 6 септември заедно со Nokia 6.2.