Redmi K20 Pro беше претставен претходно минатата недела, а сега е претставен на првата флеш-продажба во Кина. Оваа компанија нагласи дека продала повеќе од 200.000 телефони во период од еден час и 45 минути, пренесува GSMArena.
K20 Pro се напојува со чипсет Snapdragon 855 поврзан со 6GB/8GB RAM. Овој телефон има 6,39-инчен FHD+ Super AMOLED дисплеј без засек, како и MIUI 10 интерфејс базиран на софтверот Android Pie.
За фотографирање, овој телефон има три задни камери: главната со 48 MP, потоа широкоаголната камера со 16 MP, како и телефото со 8 MP. Има и 20MP селфи камера, која се наоѓа во pop-up механизмот, пишува KOHA Ditore.
Redmi K20 Pro има батерија од 4000 mAh и доаѓа со четири комбинации на меморија и простор за складирање.