Motorola го одбележа своето враќање во светот на таблетите со новиот модел Moto Tab, чии карактеристики не се толку импресивни.
Уредот користи оперативен систем Android 7.1 и има процесор Snapdragon 625. Има 2GB RAM меморија и 32GB простор за складирање.
Екранот е со дијагонала од 10,1 инчи со резолуција од 1080p. Уредот има батерија од 7.000 mAh, скенер за отпечатоци и USB-C порта.
Moto Tab ќе излезе на 17 ноември за 299 долари.