Мета платформи најави проширување на својата вештачка интелигенција, Мета АИ, пристап преку Ray-Ban паметни очила до седум нови европски земји, вклучувајќи ги Германија, Австрија, Белгија, Данска, Норвешка, Шведска и Финска, објави во средата Ројтерс.
Корисниците во овие земји сега можат да комуницираат со Meta AI преку гласовни команди за да добијат одговори на општи прашања.
Ова означува важен чекор во ширењето на напредните технологии за вештачка интелигенција во вакви уреди на европскиот пазар.
Мета првпат ја претстави Meta AI во САД во 2023 година. Во меѓувреме, лансирањето во Европа беше одложено неколку месеци поради регулаторните грижи во врска со заштитата на податоците и регулативите за приватност на Европската унија.
Овој развој доаѓа во време кога Мета инвестира милијарди долари во својата инфраструктура за вештачка интелигенција, со цел да ја зајакне својата позиција на глобалниот пазар на напредна технологија и да привлече нови корисници на своите платформи.