Мета ги предупреди кампањите на двајца американски претседателски кандидати да бидат внимателни откако откри дека хакерска група поврзана со Иран се обидела да ја користи апликацијата за пораки WhatsApp.
Мета е најновата технолошка компанија која предупредува за потенцијални хакерски закани за претседателските избори во САД во ноември меѓу потпретседателот Калама Харис и поранешниот претседател Доналд Трамп.
Претходно, Google и Microsoft открија слични обиди кои му се припишуваат на Иран.
Сметките на WhatsApp поврзани со ирански „актер за закани“ испраќале пораки во кои се тврди дека се техничка поддршка за AOL, Google, Yahoo или Microsoft, според Мета.
Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, кој цели на уште еден мандат на чело на Белата куќа.
Мета рече дека овие сметки вклучени во „социјалниот инженеринг“ биле блокирани.
Претходно овој месец, американското разузнавање потврди дека Иран ја хакирал кампањата на Трамп.
Федералното биро за истраги (ФБИ) и другите федерални агенции во заедничката изјава на 20 август рекоа дека Иран одлучил да се меша во американските избори „за да поттикне поделба и да ја поткопа довербата во нашите демократски институции“.
Кампањата на Трамп го обвини Иран на 10 август за хакирање на внатрешни пораки.
Иранските власти ги отфрлија обвинувањата./ Радио Слободна Европа