Без разлика дали се преклопени навнатре или нанадвор, преклопувањето на телефонот по вертикалната оска ги прави гломазни, долги и непријатни за користење и носење. Преклопувањето по хоризонталната оска би резултирало со покомпактен уред, што е токму она што го сугерира најновиот патент на Lenovo, пренесува LetsGoDigital.
Ова може да биде и вистински духовен наследник на телефонот на преклопување Motorola RAZR, освен што би имал невидлива шарка во внатрешноста, пишува KOHA Ditore. Постојат две гласини за големината на екранот: 6.5 инчи или 6.2 инчи, а тука е и малиот секундарен екран, поставен однадвор за известувања и прикажување на други функции.

Скиците од патентот го покажуваат дизајнот на преклопливиот уред кој се криви на различни точки долж хоризонталната оска, а не само во средината. Засега нема информации дали и кога би можеле да го видиме решението од патентот во конкретен производ.