Под-брендот на познатата компанија Huawei, Honor, веќе потврди дека нејзините претстојни смартфони – Honor 8X и 8X Max, официјално ќе бидат претставени на 5 септември.
Денеска преку објава на кинеската социјална мрежа Wiebo се потврдени клучните спецификации на Honor 8X Max, пренесува Koha.net. Овој смартфон ќе доаѓа со процесор на Qualcomm, Snapdragon 660 со осум јадра и брзина од 2.2 GHz, 4 GB RAM меморија и екран со резолуција од 2,244 x 1,080 пиксели.
Што се однесува до екранот, се вели дека Honor 8X Max ќе биде 7.12-инчен, додека Honor 8X се очекува да биде помал.
Другите спецификации вклучуваат двојна главна камера, голема батерија од 4,900 mAh и скенер за отпечатоци сместен на задниот дел од телефонот.
{галерија}