Спецификациите на Honor 10 се очекува да пристигнат на глобално ниво на 15 мај, но некои од клучните спецификации веќе се по вторпат потврдени од кинескиот регулатор TENAA.
Следниот паметен телефон од високата класа на Honor ќе има процесор Kirin 970, ултра тенок дисплеј и најновата верзија на оперативниот систем Андроид.
Honor 10 е лансиран во четири различни конфигурации со броеви на модели – COL-AL10; COL-TL10; COL-AL00; и COL-TL00, пренесува Коха.нет. Исто така, овој напреден смартфон ќе доаѓа со 4 или 6 GB RAM меморија и 64 или 128 GB внатрешна меморија.

Исто така, Honor 10 ќе доаѓа со 5.84-инчен LCD екран со резолуција од 2,280 x 1,080 пиксели и сооднос 19:9.
Што се однесува до камерата, новиот водечки паметен телефон на Honor ќе има двојна главна камера од 16 + 24 пиксели. Ќе доаѓа и со батерија од 3,320 mAh и ќе работи на оперативен систем Android 8.1 Oreo и кориснички интерфејс EMUI 8.1.
Во сива боја и димензии од 149.6 x 71.2 x 7.7 mm, Honor 10 ќе биде претставен на 19 април во Кина.