Италијанскиот орган за заштита на податоците го блокираше пристапот до кинеската апликација „DeepSeek“ за заштита на податоците на корисниците.
Властите изразија незадоволство од одговорот на DeepSeek за тоа кои лични податоци ги собира, како ги штити и како корисниците се известуваат, објави АП.
„Компаниите изјавија дека не работат во Италија и дека европското законодавство не важи за нив“, се вели во соопштението на управата.
„DeepSeek“ ги потресе пазарите, предизвикувајќи загриженост во САД за иднината на нивниот развој на вештачка интелигенција.