Њу Делхи, 16 февруари – Индиската вселенска агенција објави дека успешно ја лансирала ракетата со 104 сателити во орбитата, соборувајќи го рускиот рекорд.
Индиската организација за вселенско истражување (ИСРО) објави дека наносателитската ракета тешка 10 килограми била лансирана од јужната вселенска станица во Шрихарикоти.
Со овој чекор, Индија постави нов светски рекорд како земја која лансираше најголем број сателити одеднаш, надминувајќи ја Русија, која во јуни 2014 година лансираше 39 сателити во една мисија.
Речиси сите наносателити доаѓаат од Соединетите Американски Држави, Обединетите Арапски Емирати, Израел, Холандија и Казахстан, објави ИСРО.
„Сите 104 сателити се успешно ставени во орбитата“, рече претседателот на агенцијата, Киран Кумар.
Индискиот премиер Нарендра Моди на Твитер напиша дека „Извонреден чекор на ИСРО, уште еден горд момент за нашата вселенска заедница и нација“.
Индија се натпреварува со други меѓународни играчи за поголемо учество на пазарот за лансирање, додека е позната и по соодветната програма за финансирање на вселената. Оваа земја во 2013 година успешно лансираше ракета без екипаж во орбитата на Марс, што претходно го направија само САД, поранешниот Советски Сојуз и Европската вселенска агенција.