Австралискиот премиер во понеделникот рече дека Мајкрософт е уверен дека може да го пополни просторот доколку Google ја следи својата закана дека ќе го отстрани пребарувачот од Австралија.
Директорот на Гугл за Австралија и Нов Зеланд, Мел Силва, изјави дека најверојатно ќе го повлече пребарувачот од Австралија доколку владата продолжи со планот да ги натера технолошките гиганти да плаќаат за нова содржина, пренесува АП.
Премиерот Скот Морисон рече дека разговарал со извршниот директор на Мајкрософт, Сатја Надела за пребарувачот Бинг кој го пополнува просторот на Гугл.
Иако Bing во Австралија е вториот најпопуларен пребарувач, сепак има само 3.7 проценти од користењето од Австралијците, додека Google зема 95 проценти.