Судот во САД пресуди дека технолошкиот гигант Гугл дејствувал незаконски за да го одржи монополот над интернет пребарувањата и поврзаното рекламирање, пренесува „Би-Би-Си“.
Гугл беше тужен од Министерството за правда во 2020 година поради неговата контрола над околу 90 отсто од пазарот за онлајн пребарување.
Американскиот судија Амит Мехта изјави дека Гугл платил милијарди за да се осигура дека е стандардниот пребарувач на паметните телефони и прелистувачите.
Пресудата од понеделник може да го промени начинот на кој технолошките гиганти работат.