Италијанскиот весник „Ил Фољо“ објави дека е првиот во светот што објавува издание целосно генерирано со вештачка интелигенција (ВИ). Според весникот, вештачката интелигенција може да се „користи за се“ - за пишување, наслови, цитати... дури и за иронија, пренесува „Гардијан“.
Иницијативата на Ил Фољо, конзервативно-либерален весник, е дел од новинарскиот експеримент кој „има за цел да го открие влијанието на технологијата за вештачка интелигенција врз нашиот начин на работа“, рече уредникот на весникот, Клаудио Цераса.
„Тоа ќе биде првиот дневен весник во светот создаден целосно преку вештачка интелигенција. За сè. За пишувањето, насловите, цитатите, резимето. А понекогаш дури и за иронијата“, изјави Цераса.
Тој додаде дека овој тип на технологија ја ограничува улогата на новинарот само да поставува прашања и да ги чита одговорите.
Експериментот доаѓа во време кога новинските организации ширум светот се обидуваат да разберат како функционира вештачката интелигенција. Претходно овој месец, Гардијан објави дека друг британски медиум, Би-Би-Си, размислува да користи вештачка интелигенција за да и понуди на јавноста поперсонализирана содржина.