Samsung ја носи верзијата во златна боја во сериите Galaxy S9 и S9+, кои се појавија во февруари оваа година во црна, сина и виолетова боја.
„Луѓето сакаат да го изразат својот стил и личност преку технологија и боја, а овие паметни телефони се голем дел од таа персонализација. Новите верзии ја прошируваат понудата на бои на Galaxy S9 и S9+ со живописни стилови кои опфаќаат модерно и класично чувство“, рече Јанги Ли, извршен потпретседател на Samsung Electronics.
Верзијата во златна боја за Galaxy S9 и S9+ е првиот уред на Samsung со суптилна сатенска завршница, која го обвива паметниот телефон во мазен, блескав сјај.
{галерија}
Новата златна боја создава чувство и на живост и на смиреност. Овој софистициран финиш беше развиен за да им се допадне на сите корисници со внесување на стилски допир на висока мода и урбан внатрешен дизајн на пренослив кориснички уред.
Samsung Galaxy S9 и S9+ го редизајнираат начинот на кој комуницираме, споделуваме и го доживуваме светот.