Најновиот паметен телефон на технолошкиот гигант, Samsung Galaxy S8, сега е достапен за претходна нарачка во Европа од трговци на мало од трети страни.
Посебно, оние во Германија и Италија сега можат да ги направат своите преднарачки на Amazon, пренесува Koha.net. Деталите за цените и достапноста за овие два пазари се разликуваат.
Амазон во Германија го наведе овој смартфон по цена од 799 евра, додека првите испораки ќе започнат од 20 април.
Во меѓувреме, Amazon во Италија го наведе Galaxy S8 по цена од 829 евра, а испораките таму ќе започнат од 28 април.