Социјалната мрежа Фејсбук објави дека избришала десетици сметки за кои се верува дека се од руско потекло.
Компанијата рече дека овие сметки биле вклучени во „координирано неавтентично однесување“.
Компанијата таргетираше сметки што доведуваат до заблуда за автентичноста и за кои не е јасно кој стои зад нив, пишува REL.
Оваа мерка на Фејсбук ги опфати и сметките на социјалната мрежа Инстаграм.
„Најдовме две одделни операции со потекло од Русија, кои користеа слични тактики, создавајќи мрежи на сметки за да ги доведат другите во заблуда за тоа кои се и што прават“, рече Натаниел Глејхер, шеф за сајбер безбедност на Фејсбук.
исто така
Фејсбук затвора некои сметки кои шират дезинформации за вакцинацијата
„Координираното неавтентично однесување“ беше „дел од мрежата со потекло од Русија, која се фокусираше на Австрија, балтичките земји, Германија, Шпанија, Украина и Велика Британија“, рече тој.
Украина беше во фокусот на 97 сметки, страници или групи на Фејсбук отстранети од социјалната мрежа, додаде тој.
Објавите од сметките обично вклучуваа локални и политички вести, за воените конфликти во источна Украина, војната во Сирија и руската политика.
Фејсбук не го откри идентитетот на оние кои стојат зад овие сметки.
Овој потег е дел од најновите напори на гигантот од социјалните мрежи да го намали бројот на лажни сметки што се множеа на платформата во последниве години.
исто така
Фејсбук ги суспендира лажните руски сметки
Американските разузнавачки агенции велат дека Фејсбук и другите платформи за социјални медиуми биле користени од руска компанија наречена Агенцијата за истражување на Интернет за да сее раздор и да шири дезинформации во пресрет на претседателските избори во САД во 2016 година.
Специјалниот советник Роберт Мулер ја тужеше компанијата, нејзиниот наводен сопственик и неколку други за нивната лажна употреба на Фејсбук за време на изборите во 2016 година.