Шефот на Apple, Тим Кук, бил запрашан од светски познатата албанска пејачка Дуа Липа која ќе го наследи во компанијата кога ќе замине, напиша „BussinesInsider“.
Во подкастот „Дуа Липа: на ваша услуга“, Дуа Липа го прашала кој е следен во редот да го наследи на функцијата, а Кук навести дека нема намера да се пензионира.
„Навистина сакам личноста да биде во Apple“, рече Кук.
Извршниот директор на Apple не даде никакви конкретни имиња, но според него, конечниот избор ќе го направи бордот.
Кук додаде дека „не може да го замисли животот без Apple“.