Претходно оваа година, Apple ја купи линијата на модеми на Intel во обид да развие хардвер во рамките на сопствените ресурси, за да не зависи од други добавувачи.
На компанијата и претстои уште долг пат за да стане целосно независна, додека внатрешни извори посочуваат дека 5G модемот на Apple нема да се појави на iPhone пред 2022 година.
Qualcomm е актуелниот снабдувач и производител на модеми за Apple, додека компанијата вети дека ќе обезбеди 5G модеми за iPhone следната година, пишува KOHA Ditore. Сепак, двете компании имаа турбулентна година зад себе, со судски спорови во судовите за лиценци и други прашања, па затоа не е чудно што Apple сака да биде независен.
Apple веќе има основано свој оддел за истражување и развој за чипови за RF модеми. Сепак, изворите велат дека 2022 година е најоптимистичката прогноза за тоа кога Apple 5G модемите ќе бидат достапни кај iPhone-ите. Потребно е време за да се обезбеди, покрај производството, тестирање, оптимизација и стандардизација на технологијата.
Големата желба на Apple е да има вграден модем во чипсетот што го напојува iPhone, но тоа не се очекува да се случи до 2023 година, со посебен чип за 5G модем и посебен чипсет што ќе се појават една година пред тоа. Apple Bionic.