„Economic Daily News“ објави дека Apple е во преговори со „Qualcomm“ и други компании во врска со сензорот за отпечатоци во iPhone. Сепак, овој пат сензорот може да биде под екранот на телефонот.
Гласините сугерираат дека тоа би можело да се случи веќе следната година, пишува КОХА Диторе. Се шпекулира дека за отпечатокот на iPhone би бил ултразвучен сензор, кој досега беше достапен само на Samsung S10.
Постои можност Apple да лансира два комплети iPhone-и во 2020 година, па повеќе информации за овие сензори ќе бидат откриени во следните неколку месеци.