Технолошкиот гигант Apple ја повлече својата нова надградба на оперативниот систем, iOS 17.3 Beta 2, од пазарот откако беше објавено дека софтверот ги бришел iPhone-ите на некои корисници.
Дејли мејл во четвртокот објави дека некои паметни телефони на Apple биле избришани кога го инсталирале овој нов бета систем, што го оневозможувало безбедното рестартирање на телефонот.
Apple го претстави ажурирањето во средата, правејќи го достапно помалку од 24 часа пред проблемот да биде широко „дистрибуиран“ од корисниците.

За iPhone да работи повторно, корисниците беа принудени да го вратат претходното ажурирање на оперативниот систем.
Бета се смета за почетна или развојна фаза на производот, главно технолошка. Производот е достапен за употреба, но не е целосно функционален и може да содржи грешки.