Онлајн малопродажниот гигант Амазон планира да отпушти уште 9.000 работници, од вкупно 1.5 милиони што ги има во канцелариите ширум светот, објави во вторникот Би-Би-Си.
Фирмата соопшти дека оваа одлука ќе ја донесе за да ги намали трошоците, додека меѓу оние кои ќе бидат отпуштени има огласувачи и технички компјутерски службеници.
Директорот на секторот Енди Џеси ја нарече тешка одлука, но рече дека тоа е најдобро за компанијата на долг рок.
Од јануари, Амазон отпушти 18.000 луѓе.
„Со оглед на несигурната економија во која живееме и неизвесноста што постои во блиска иднина, избравме да бидеме поефикасни во нашите трошоци и во бројот на нашиот персонал“, изјави Џеси.