Русија и Венецуела го блокираа пристапот до апликацијата за пораки Signal.
Рускиот информативен сервис „Интерфакс“ ја објави веста за забраната на апликацијата Сигнал во Русија и го пренесе соопштението на рускиот надзорен орган за телекомуникациите.
Како што беше речено, одлуката е донесена поради „прекршување на барањата на руското законодавство, чие исполнување е неопходно за да се спречи употребата на апликацијата за терористички и екстремистички цели“.
Забраната за Сигнал во Венецуела се случи по претседателските избори, за чии резултати се уште се расправа.
Во двете земји, пристапот до други слични апликации е тежок.