KOHA.net

TECH

Илон Маск тужи неколку големи компании за „бојкотирање“ на социјалната мрежа X

Инвеститорот Илон Маск

Инвеститорот Илон Маск

Социјалната мрежа „Х“ на Илон Маск тужеше група огласувачи и големи компании, обвинувајќи ги дека незаконски се согласиле да ја „бојкотираат“ страницата. 

Социјалната платформа поднесе тужба против гигантите како Унилевер и Марс, приватната здравствена компанија CVS Health и фирмата за обновлива енергија Орстед, како и трговската асоцијација наречена Светска федерација на огласувачи (WFA). Тужбата е поднесена пред судот во Тексас. 
Платформата „Х“ тврди дека со овој „бојкот“ и е одземен „приход од милијарди долари“. 

Правните експерти велат дека случајот најверојатно нема да биде успешен, бидејќи ќе биде тешко да се докаже дека има некаков дослух меѓу компаниите.