Бидејќи наутро, кога желудникот е празен, на телото му требаат хранливи материи за да започне, има некои намирници кои нутриционистите ги сметаат за најдобри за овој оброк, пишува India.com
Бадемите се добра храна за почеток на денот, бидејќи содржат влакна, овозможуваат подобра апсорпција на хранливите материи од следните оброци и ја зголемуваат енергијата.
Топлата вода со лимон е уште еден добар почеток за празен стомак бидејќи топлата вода добро делува на желудникот и го зголемува метаболизмот, додека лимонот го снабдува организмот со витамин Ц.
Друга храна која е позната по својата хранлива вредност е јајцето кое содржи протеини и влакна неопходни за организмот и се смета за најдобра опција за појадок.
Јаболката се исто така добри за почеток на денот, бидејќи се богати со растителни влакна.
Друга опција е чинија со цели зрна, кои исто така содржат многу влакна.
Урмите се сметаат за една од најдобрите намирници за почеток на денот, бидејќи покрај влакна содржат многу хранливи вредности, меѓу кои е и природниот шеќер кој помага за добра циркулација на крвта.