ФИФА Евро 2024 KOHA.net

LIFESTYLE

Седум природни начини за намалување на холестеролот

Високиот холестерол или маснотии во крвта се јавува кога човек консумира премногу масти и како резултат на тоа крвните артерии се блокирани, спречувајќи ја крвта да циркулира нормално. Ова има влијание врз срцевите заболувања и може да доведе до напад.

Една од главните причини за висок холестерол е нездравата исхрана и физичката неактивност.

Влакната се многу добри за варење на храната во телото. Храна богата со растителни влакна се цели зрна, овошје и зеленчук, пренесува The Health Site.

Зелениот зеленчук, покрај тоа што е богат со многу витамини и различни хранливи вредности, ја помага циркулацијата на крвта бидејќи го помага варењето.

Јаткастите плодови како што се оревите и бадемите, заедно со ленот и семето чиа, се препорачуваат да се консумираат секој ден за организмот да има што поголема корист од нив.

Омега3 масната киселина ги намалува и нездравите масти во крвта, спречувајќи различни срцеви заболувања. Освен риба и јаткасти плодови, оваа масна киселина може да се зема и како додаток.

Зелениот чај позитивно влијае и на топењето на вишокот холестерол во организмот, чистејќи ги цревата и крвните садови.

Лукот е еден од најпопуларните зеленчуци во медицината кој добро влијае на организмот кога е во прашање високиот крвен притисок, кој може да го предизвика холестеролот. Јадењето лук го намалува крвниот притисок и го подобрува здравјето на срцето.

Маслиновото масло има многу антиоксидантни својства и како такво е познато и по отстранувањето на вишокот холестерол. Ова масло се препорачува да се користи наместо други масла што се користат за готвење храна.