На Европското првенство во мечување до 23 години во Естонија, швајцарските спортисти направија акција која добива големо внимание.
Селекцијата на Швајцарија во финалето загуби од Израел, а по доделувањето на медалите, Швајцарецот не се врати да ја почитува израелската химна. Ова наводно било направено во знак на протест против Израел.
Реакциите беа многубројни по овој протест на Швајцарците. Швајцарските медиуми тоа го нарекоа скандал.
„Швајцарската мечувачка федерација нема симпатии кон својот тим кој го злоупотреби доделувањето на наградите за политичка демонстрација“, се вели во реакцијата на федерацијата.
Реагираше и израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Сар.
Швајцарската федерација понатаму напиша дека играчите можеби имаат свои лични мислења за светските настани, но дека спортските настани не се соодветни за изразување политички ставови.
Швајцарските спортисти по финалето им честитаа на Израелците, но потоа не се свртеа кон израелското знаме.
Откако спортистите ќе се вратат од Естонија, федерацијата ќе разговара со нив и ќе одлучи дали се потребни некакви мерки.
Швајцарската федерација и честиташе на израелскиот тим за успехот.
На социјалните мрежи имаше многу коментатори кои ги поддржаа швајцарските спортисти.
„Најдов нова љубов и восхит кон Швајцарија“, е еден од коментарите на X, пишува 20min.ch.
Имаше и многумина кои го критикуваа Швајцарецот.
ВИДЕО: