Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, ја постигна третата победа годинава во Формула 1.
А со победата постигната во неделата на трката за Големата награда на Саудиска Арабија, Пиастри исто така се искачи на првото место во поредокот.
Поддржете го ВРЕМЕЗачувај ја вистината.
Професионалното новинарство е во јавен интерес. Вашата поддршка му помага да остане независно и кредибилно. Придонесете и вие. 1 евро прави разлика.
Писмо до читателот — Зошто бараме ваша поддршка ПридонесетеПијастри го искористи пеналот на Макс Верстапен од Ред Бул на почетокот на трката и потоа не дозволи изненадувања.
Верстапен заврши на второто место, додека Шарл Леклер од Ферари беше трет.
Возачот на Мекларен, Ландо Норис, кој ја започна трката од десеттото место, заврши на четвртата позиција.
За Пјастрини тоа беше трета победа од пет трки што се одржаа во тековното издание на Формула 1.
Тој има десет поени повеќе од второпласираниот Норис.
Трет е Верстапен со 87 бодови.