KOHA.net

Поддржете го TIME. Зачувајте ја вистината.
СПОРТ

Гује и официјално е во ПСЖ

29-годишниот фудбалер од Сенегал потпиша четиригодишен договор во француската Лига 1.

ПСЖ потврди дека го комплетирал трансферот на играчот од средниот ред на Евертон, Идриса Гана Гује за 30 милиони евра, пренесува Goal.

Гује потпиша четиригодишен договор до 30 јули 2023 година и ќе стане осмиот Сенегалец кој ќе игра за Пари Сен Жермен, пренесува koha.net.

Гује помина четири успешни години во Англија додека ја започна својата кариера во Лил, каде одигра 176 натпревари. Оттаму се пресели во Астон Вила, а потоа во Евертон.

„Многу сум горд што потпишав со Пари Сен Жермен“, изјави тој за официјалниот сајт на парискиот клуб.

Слични статии