Познатиот италијански тренер, Карло Анчелоти во разговор за Sky Sports покажа како Зинедин Зидан ја променил својата филозофија за фудбал. Анчелоти сега е тренер на Евертон, додека Зидан раководи со Реал Мадрид.
Успешната кариера на Анчелоти како фудбалер во Италија беше проследена со уште поимпресивна кариера како тренер. Започна во Реџана во 1995 година, додека раководеше со големи тимови како Парма, Јувентус, Милан, Челзи, ПГ, Реал Мадрид, Баерн, Наполи и сега е во Евертон.
Зидан беше ѕвезда како фудбалер и продолжува да биде како тренер.
„Со Зидан се обидов да ги сменам идеите за системот. Зидан е првиот играч кој ми даде можност да го променам системот и да играм на поинаков начин. Кога го имав Зидан, првата година во Јувентус играв со системот 3-4-1-2, со Дел Пјеро и Изаги напред и Зидан малку зад нив. Во втората година играв со четворица играчи позади, но задржав двајца напаѓачи напред и број 10 како Зидан“, изјави Анчелоти.
„Зидан ја промени мојата идеја за фудбалот. Пред Јувентус бев фокусиран на 4-4-2, а потоа со Зидан се променив. Сакав да го ставам во најдобрата позиција за него, да биде поудобно на теренот“.