Тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковак не е сигурен за својата позиција по слабите резултати во Бундеслигата.
Како што пренесуваат англиските медиуми, раководните лица на германскиот клуб започнале преговори со поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, да го замени Хрватот, пренесува КТВ.
Зидан е невработен откако поднесе оставка како тренер на Реал Мадрид. Интерес за Французинот изрази и Манчестер Јунајтед.