Напаѓачот на косовскиот репрезентативец Милот Рашица нема да го напушти тимот на Вердер Бремен за време на јануарскиот преоден рок. Всушност, клупските челници од Бундеслигата инсистираа Рашица да остане дел од Вердер до крајот на ова издание. Спортскиот директор на Вердер Бремен, Франк Бауман во понеделникот за германските медиуми зборуваше за Рашица.
Рашица беше блиску до заминување од Вердер во текот на летниот преоден рок, но последниот ден не беше постигнат договор со Баер Леверкузен.
24-годишниот фудбалер има договор со Вердер до 2022 година, а оваа сезона има само три настапи во првенството откако пред недели се опорави од повредата со која се здоби во септември.
„Милот може да ја направи разликата во нашиот тим и постепено се враќа во форма по повредата со која се здоби. Верувам дека во рок од две недели ќе биде целосно подготвен за игра во текот на целиот натпревар“, изјави Бауман. „Исто така, наша цел е да го задржиме до крајот на ова издание, бидејќи тој е важен играч за нас.