Актуелниот шампион во Формула 1, Макс Верстапен, победи на трката за ГН на Унгарија во неделата. Ова е негова осма победа оваа сезона и тој оди во пауза на средината на сезоната во Ф1 со 80 поени предност пред Шарл Леклер. Пилотот на Ред Бул Скудерија ја заврши трката со време од 1 час, 39 минути и 35.912 секунди.
Зад него, Верстапен ги остави двата болиди на тимот на Мерцедес. Луис Хамилтон заврши на второто место, речиси осум секунди зад Верстапен, додека Џорџ Расел го обезбеди третото место. Карлос Саинц заврши четврти во уште еден катастрофален ден за Ферари, бидејќи Леклер заврши на шестото место, едно место зад Серхио Перез од Ред Бул.
Осмата победа сезонава за Верстапен беше 28-та во кариерата на Холанѓанецот.